„Мојата македонска приказна - каде одиш, Македонијо?“ е насловена новата книга на Љубчо Георгиевски, основач на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Книгата ја објави издавачката куќа „Ѓурѓа“ во едицијата „Мацедонише цуштенде“.
Театарот за деца и младинци почнува подготовки за првиот македонски мјузикл за деца „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова, музика за деца компонирана од Александар Џамбазов и во режија на Виолета Џолева.
Поетот Славе Ѓорѓо Димоски е добитник на наградата „Антево перо“, прв пат востановена оваа година во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.
Камерниот оркестар на Македонската филхармонија по повод 8 септември - Денот на независноста одржа два концерта во Алмати и Астана во Казахстан.
Филмската програма идниот понеделеник ќе почне со чехословачкиот игран филм од 1970 година „Случај за неискусниот џелат“ по сценарио и режија на Павел Јурачек.
Оркестарот на Македонската филхармонија заедно со африканската ѕвезда Феми Кути и Емин Џијан како диригент, в четврток ќе одржат концерт во Белград на отворено, во амбиентот на Калемегдан.
Во Делчево почна истражување во врска со спроведувањето на Конвенцијата за заштита на нематеријалното културно наследство на Република Македонија.
Прилепскиот „Завод и музеј“ годинава интензивно работеше на првата реевиденција на иконите, фрескоживописот и архитектурата на црквите и манастирите во Прилепско.
Во Струмица синоќа беше отворено 26. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“.
Книжевен разговор со писателката Тања Ступар-Трифуновиќ ќе се одржи денеска во Музејот на современа уметност во Скопје во рамки на книжевниот фестивал „Друга приказна“. Разговорот ќе го води Владимир Јанковски.