Општина Карпош по единаесетти пат од 24 до 26 август годинава ќе ја организира традиционалната културна манифестација „Карпошово лето 2018“.
Младинскиот културен центар најави премиера на претставата „Црнила ремикс“ по идеја и режија на Јордан Симонов во рамки на осмиот фестивал „Здраво млади“ кој ќе се одржи на 1 септември.
Бугарската Влада одобри нацрт Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Бугарија и Министерството за култура на Република Македонија за периодот 2018-2021 година, соопшти бугарската владина прес-служба.
Со буџет помал за триесет отсто од минатите изданија, фестивалот Струшки вечери на поезијата годинава одвај ќе го одржува нивото што веќе го има постигнато, а помалку добиените средства веројатно ќе се одразат на помала издавачка продукција или во прашање ќе биде организирањето на зимскиот поетски фестивал планиран за ноември.
Заврши конзервацијата и реставрацијата на живописот во црквата Свети Никола во Куманово. Методологијата на конзервација и реставрација во Соборниот храм во централното градско подрачје, траеше четири години, по неколку децении, откако живописот бил насликан во шеесетите години од минатиот век.
Во Галичник денеска ќе почне 29. Меѓународна ликовна колонија на која ќе учествуваат девет уметници кои ќе творат до 22 август.
Привршуваат последните подготовки за 57. Струшки вечери на поезијата што ќе се одржат од 22 до 27 август во Струга. Деталите околу годинашното издание, Дирекцијата на СВП ќе ги соопшти денеска на прес-конференција.
Етно составот „Монистра“ в четврток, на 16 август, ќе одржи целовечерен концерт на просторот околу Градскиот саат во Прилеп.
Од 30 август до 1 септември во Прилеп ќе се одржи седмиот по ред меѓународен „Џез фестивал“. Фестивалот ќе се одржи на летната сцена од Центарот за култура „Марко Цепенков“.
Косовскиот виртуоз на гитара Дрилон Чочај синоќа одржа концерт во црквата „Света Софија“ во рамките на фестивалот „Охридско лето“.