Навид Михандост, од затворот во Техеран, каде ја одлежува триипол-годишната казна во изјава за македонските медиуми посочи оти е среќен што новиот филм ќе се прикажува во Скопје и изрази благодарност до МФФ Киеннова што ја организираше специјалната проекција за мојот филм.
Во Националната опера и балет денеска беше потпишан договорот за реконструкција и адаптација на просторот доделен на Националната установа Џез оркестар на Македонија.
Првото издание на книжевните читања „Клинци“ во организација на неформалната младинска организација за култура „Култура бета“ ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот во Europe House Skopje.
Пијанистот Симон Трпчески и Лондонскиот симфониски оркестар со диригентот Џанандреа Нозеда од Италија на 7-ми и 10-ти декември во салата „Барбикан“ во Лондон хронолошки ги изведоа првиот и вториот концерт за пијано и оркестар на Брамс, при што наидоа на позитивни рецензии во лондонските медиуми, информира „КултурОп“.
„Фестивал во 19:19“ е нов проект на КИЦ, чија тенденција е да прерасне во традиција. Станува збор за фестивал на класична и нова музика, сѐ она што стилски опфаќа музичкиот сектор на центарот.
На малата сцена на Театар Комедија вечер премиерно ќе биде прикажана пиесата „Демнејќи го Годо“ од словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар. Станува збор за прва копродукциска соработка меѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше три месеци.
Од Националната установа „Охридско лето“ велат дека ваквата новина со проширување на програмата и надвор од традиционалната фестивалска е на радост на публиката.
Оттаму додаваат дека специјалната програма на Киненова која ќе се одвива во Кинотека на Македонија, на 16-ти овој месец ќе биде отворена со најновиот филм на Навид, „Кафе“, кој е сниман во вонредни и исклучитено тешки услови.
Фетивалот го органзира Здружението на љубители на Ромска фолклорна уметност „Романи Ило“ од Скопје со финансиска поддршка од Министерството за култура, во соработка со велешкиот театар и ООУ„Браќа Рамиз и Хамид“од Скопје.
Цел на здружението, исто така, е и да ги поврзува луѓето и да иницира дијалог меѓу лица со различно потекло и култура, исто како што Есма патуваше низ целиот свет и ги поврзуваше луѓето со својата музика.