Сојузот на композиторите на Македонија-СОКОМ реагира што од Министерството за култура се уште не добил одговор зошто композициите избрани на Конкурсот за откуп на нови музички дела распишан во април минатата година биле објавени, а потоа и повлечени од веб-страницата на Министерството на 18 јануари годинава.
Одбележувањето на овој ден е иницирано на 9. Светски конгрес на ИТИ на УНЕСКО во јуни 1961 година, а од наредната година тој почнал да се слави на 27 март – датумот кога е отворена сезоната на „Театарот на нациите“ во Париз.
Покрај јавните расправи на кои треба да се слушнат мислењата на засегнатите страни, за конкретни предлози и законски измени поврзани со музичката продукција на ЈП МРТ ќе биде формирана интерресорска работна група.
„Не сега, драга“ од Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски е новата премиера на Театар Комедија. Претставата ќе се изведе утревечер, на Меѓународниот ден на театарот и на шестиот роденден на Театар Комедија.
Министерот за култура Роберт Алаѓозовски ги оцени како шпекулации информациите дека ноќеска требало да биде отстранет споменикот Воин на коњ на централниот плоштад во Скопје.
Министерството за култура ја известува јавноста дека работната група формирана за преиспитување на општествената и стручната оправданост на постоењето на НУ ”Музеј на македонската борба за државност и самостојност“ – “Музеј на ВМРО” и “Музеј на жртвите од комунистичкиот режим”
Против П.К., поранешен директор на Управата за заштита на културното наследство, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до ОЈО за гоненење организиран криминал и корупција поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластувaње“.
Свечената седница на Советот за доделување на наградата „Златен венец“, Управниот одбор и Дирекцијата на НУМ „Струшки вечери на поезијата“ беше одржана денес во Македонската академија на науките и уметностите во Скопје.
Уметникот Никола Радуловиќ за мултимедијалната инсталација „Book of Sclavin” ја доби наградата за најуспешен автор и дело на 12. Биенале на млади уметници, која оваа година по петти пат ја доделува Музејот на современата уметност.
Претседателот на Унгарија, Јанош Адер, по повод националниот празник на државата, го одликува Раде Силјан со орденот „Златен крст за заслуги“.