Словенечкиот центар – Скопје и Амбасадата на Словенија вечер во Кинотеката на Македонија организираат одбележување на словенечкиот културен празник – Прешернов ден.
Интензивно работиме за изнаоѓање решение за просторниот проблем на Државниот архив на Република Македонија. Ситуацијата е многу комплицирана.
Во програмата веќе не постои партиска, идеолошка или каква било друга негативна селекција. Програмата овозможува простор за сите уметници и за сите манифестации што имаат повеќегодишна традиција.
Македонскиот народен театар ја најави првата премиера во 2018 година – претставата „Госпоѓиците од Авињон“, на 21 февруари на малата сцена. Работена е по драмскиот текст на Сашо Димоски, во режија на Ненад Витанов.
Во Македонската опера и балет вечер ќе биде изведена балетската претстава „Ла ла ла!“ на Саша Евтимова, чија премиера беше минатата година на фестивалот „Скопско лето“. Со неа авторката одбележа десет години кореографска дејност.
„Цел на истражувањето на пазарот е да го истражи мислењето на граѓаните на Град Скопје во однос на градските проблеми и политики, како и да овозможи квантитативно толкување низ одредена временска рамка“, стои во објавениот оглас.
Министерот за култура нема основа да ги запре работите во однос на реконструкцијата на Али Пашината џамија во Охрид, но ги охрабрува сите надлежни институции да постапуваат доколку имаат индиции за прекршување на законските процедури.
Со положување цвеќе и панихида на неговиот гроб, денеска, Охрид симболично му се поклони на Григор Прличев, својот најпознат поет, ловроносец, културен деец и преродбеник.
Министерството за култура за нов в.д. директор на Македонската опера и балет го назначи Ќазим Асотиќ, прв фаготист - солист во оркестарот на Македонска oпера и балет.
Театарот за деца и младинци вечер во 19.30 часот свечено ќе одбележи 20 години активно играње на „Убавицата и ѕверот“ – рекордно најиграна претстава во Македонија.