Со Вердиевата „Аида“ вечер во Македонската опера и балет ќе бидат затворени 45. Мајски оперски вечери.
Претставата „Ничија земја“ е работена по сценариото за истоимениот филм на Данис Тановиќ за војната во поранешна Југославија, награден со Оскар во 2001 година.
Во Џебното кино на Младинскиот културен центар денеска и утре ќе има изведба на претставата „А што потоа“ во режија на Драгана Гунин, која раскажува за жртвите од терористичките напади и војни, конкретно за војната во Сирија.
Со концерт на Македонската филхармонија на која како солист настапи Симон Трпчески, под диригентство на Владимир Ашкенази од Русија вечерва и официјално е отворен новиот објект.
Актерот Петар Темелковски денеска ќе им се претстави на гевгеличани со монодрамата „Песни за татковината“ од Никола Јонков Вапцаров, која премиерно беше изведена минатиот месец во Велес.
Мјузиклот „Тајно моја“ посветен на Тоше Проески во октомври ќе биде изведен во неколку држави од поранешна Југославија.
Заминувањето на овој голем уметник и човек претставува огромна загуба за вашето семејство, за македонската култура и македонската држава воопшто, напиша Елизабета Канческа-Милевска.
Денеска во Скопје на 49-годишна возраст почина Зоран Маџиров, македонскиот и светски афирмиран музичар перкусионист.
На фестивалската програма годинава се пет оперски и три балетски претстави, два солистички рецитали и две изведби на мјузиклот „Тајно моја“, а покрај македонски изведувачи, ќе настапат и гости од повеќе земји.
Новелата „Изгубеното момче“ од американскиот писател Томас Вулф, во превод од англиски јазик на Сибел Ајдинова деновиве ја објави Друштвото за издавачка дејност „Македоника“ од Скопје.