- Во Националната опера и балет вечерва ќе се одржи концерт со кој ќе бидат одбележани 30 години од уметничката и педагошка дејност на Ерхан Шукри и 20 години од Гудачкиот камерен оркестар „Арко“.
- Мјузиклот „Весели девојки“ во режија на Раде Вукотиќ, на уметничка работилница „Призор“ од Белград, Република Србија синоќа беше изведен во Центарот за култура во Крива Паланка, на третата фестивалска вечер од 15. Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“.
Фестивалот е ориентиран кон одговорно однесување во рамки на заедницата, во насока на подобрување на општествените состојби и инклузивноста, како и кон екологијата, а ќе го отвори Лидија Димковска со говор на тема „Со или без Please“.
- Во конкуренција од осум усклучително квалитетни театарски претстави, жири комисијата на второ издание на Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“ 2023 ГРАН ПРИ наградата за најдобра претстава на фестивалот ја прогласи: „МОМЧЕТО СО КУФЕРОТ“ во изведба на Мал Театар „Душко Радовиќ”, од Република Србија во режија на Дамјан Кецојевиќ.
„Кајмак“, најновиот филм на македонскиот режисер, Милчо Манчевски ја освои Наградата на публиката на Филмскиот фестивал во Тирана.
Кинематограферите Џевахир Сахин и Курсат Уресин од Турција се годинешни лауреати на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ кој синоќа заврши во Битола.
Во просториите на Чифте амам денеска се реализираше работилница за деца посветена на делото на Дичо Зограф.
- Кинематограферот Жан-Мари Дружу одржа работилница на ИФФК „Браќа Манаки“ со фокус на снимањето на филмот „Нотр Дам гори“.
- Во просториите на Албанскиот театар во Скопје, на 5 -ти октомври започнува 17- тото издание на „Скупи Фестивал“ кој годинава ќе се одржи под мотото „Блесок во театарот“. Фестивалот завршува на 10 октомври.
- Отворена е ликовна изложба на реномираниот ликовен уметник и професор на Универзитетот ,,Гоце Делчев - Штип, Никола Смилков во Посавски музеј во Брежице Република Словенија.