- Во просториите на Чифте амам денеска се реализираше работилница за деца посветена на делото на Дичо Зограф. Оваа активност организирана од едукаторот Маја Димитрова е дел од низата настани во рамките на Европските денови на културно наследство (22-29 септември 2023), соопштија организаторите.

На работилницата децата имаа можност да добијат основни познавања за животот и творештвото на најпознатиот македонски зограф од 19тиот век преку разговор и креативна активност-боење цртежи инспирирани од мотивите на икони и фрески создадени од Дичо Зограф и неговата тајфа.

Автор на боенката е Анета Гергиевска Шајн, историчарка на уметност која што веќе неколку децении живее во САД. Боенката преставува дел од подолгорочен проект за популаризација на делото на Дичо Зограф, што вклучува и веб страна на англиски јазик https://www.dichozograf.org.

На работилницата учествуваа деца од ОУ „Невена Гергиева Дуња“ каде некогаш и самата авторка учела.

-Културното наследство допринесува во едукацијата на една нација, преку подобро разбирање на историјата и чуство на припадност. Токму од тие причини треба секој од нас да биде свесен за огромното значење на тоа што го поседуваме и да не дозволиме истото да се распадне, пропадне или уништи. Да ги учиме децата на вистински вредности, наведуваат организаторите на работилницата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/09/2023 19:57