- Кинематограферот Жан-Мари Дружу одржа работилница на ИФФК „Браќа Манаки“ со фокус на снимањето на филмот „Нотр Дам гори“.
Пред аудиториумот во Битола, францускиот кинематографер истакна дека филмот е посветен на вистинска приказна за мажите и жените кои го спасија Нотр Дам.
-На 15 април 2019 година, катедралата Нотр Дам во Париз ја зафати голем пожар, со што ја доживеа најголемата катастрофа во својата историја. И мажи и жени ги ставија своите животи во ризик за да го спасат ова многу важно историско обележје. Сценариото за филмот е пишувано за време на пандемијата. Тогаш почнавме и со препродукцискиот процес. За потребите на филмот беше изработена и пластична макета. Моравме убаво да објасниме што е целта и како сакаме да се одвива приказната во филмот. Снимавме во катедралите Бурж и Сенс, заради сличноста со Нотр Дам, појасни Дружу, и додаде дека многу денови поминале во студио тестирајќи оган.
Пред љубителите на филмот, кинематограферот Дижу потсети на неговата богата кариера и низ интеркативна средба одговараше на поставени прашања.