Во Тетово се организира хуманитарен настан за продажба на уметнички слики, а собраните средства ќе се дадат на лицата со посебни потреби. Настанот го организираат Здружение за церебрална парализа Тетово и ликовните уметници.
Како што информира Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска истакна дека Република Македонија иако по територија е мала држава, таа е дом на многубројни етнички заедници.
Србија, Македонија и Албанија со изложбата „Супстрати“ во Париз, која е заеднички проект на тројца уметници од државите на Отворен Балкан, ја почнуваат сезоната на Отворен Балкан 2024 година, јави дописникот на МИА од Белград.
Во просториите на управната зграда на ПроКредит банка вечер ќе биде одржана изложба и аукција за заштита на птиците во земјава.
Со изложбата на дела создадени на годинашната 37-ма Меѓународна ликовна колонија „Св. Јоаким Осоговски“ беше заокружена традиционалната манифестација, на која учествуваа тринаесет автори од шест европски држави.
Во организација на градскиот хор „Вокс Лихнидос“ вечер во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи петтиот Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“.
За таа цел склучен е Меморандум за соработка со „Културно наследство без граници – Албанија„ (CHwB Albania), со кои заедно ќе биде спроведена обука и Регионален реставраторски камп, предвиден да се одржи во септември оваа година.
На СВП 2023 поетски читања ќе имаат повеќе од 25 странски поети, како и домашни поети од постарата, но и од помладата генерација.
Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од денеска до 30 јуни ги организира Отворените денови кои годинава се во знакот на 70 години од неговото основање и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи“ на Крсте Мисирков.
Во рамки на културната програма на иницијативата Отворен Балкан, на 13 јули во Културниот центар на Србија во Париз, ќе биде отворена изложбата „Супстрати“, под покровителство на mинистерствата за култура на Македонија, Србија и Албанија.