Во организација на градскиот хор „Вокс Лихнидос“ вечер во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид ќе се одржи петтиот Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“.
Покрај домаќините, на фестивалот ќе настапат и членовите на хорот при Центарот за култура „Кикинда“, хорот „Бачки Певачи“ од Врбас, мешаниот хор при КУД „Стив Наумов“ од Битола и Градскиот женски младински ансамбл од Феризај, Косово.
Охрискиот градски хор е формиран пред 58 години, а од 2015 година го носи името „Вокс Лихнидос“ под раководство и управа на диригентот Бурим Хидри.
Настапите на учесниците почнуваат од 20 часот.