Во просториите на управната зграда на ПроКредит банка вечер ќе биде одржана изложба и аукција за заштита на птиците во земјава.

ПроКредит банка организираше караван изложба на уметнички фотографии под името „НЕзаштитена природа“ од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на С Македонија, во соработка со фотографот Велиан Јагев, кој го поддржува овој проект чија цел е подигнување на свеста за важноста за зачувувањето на незаштитените природни подрачја значајни за птиците и биодиверзитетот.

Собраните средства ќе бидат донирани во проекти посветени на подобрување на условите за живот на овие птици во нивните природни живеалишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2023 14:08