Со претставата „Брачна комедија“ на театарот „Сцена Маска“ од Република Србија, вечерва ќе започне Програмата на вториот интернационален фестивал на дуодрама „Бранко Ѓорчев“, во Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“, информираше претпладнево неготинскиот градоначалник Горан Стојанов.
Во Музејот на македонската борба денеска ќе биде промовирана книгата „Теорија и системи на безбедност“ од проф. д-р Оливер Бакрески.
Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) распиша конкурс за најдобра песна, расказ, есеј и драмски текст на тема „Липа” за манифестацијата „Празник на липите’’.
Музичките критичари, додаде, за „Набуко“ ќе напишат дека изведбата на оваа опера можат да си ја дозволат само оперските куќи кои располагаат со вистинска вокална моќ.
Наградата „Рациново признание“ се доделува за прозни, литературни остварувања на автори од земјава објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.
Дени Синадиновски, етнокорелог вели дека семинарот е наменет за локалното кумановско население.
Вкупно 12 домашни и театарски групи од странство ќе учествуваат во програмата на 60. Драмски аматерски фестивал (ДАФ), што од 22 до 27 мај ќе се одржи во Кочани.
Претседателот на фестивалот, Филип Стевановски вели дека меѓународниот фестивал бележи рекордна бројка на учесници, што е причина истиот да се одржи на повеќе локации.
Од вчера вечер во Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ поставена е изложба на делата од меѓународната колонија „Карпино“. Во фоајето на Центарот поставени се 25 дела на 13 уметници од земјава и светот.
Како што соопштија од полицијата, идентификувани се четворица грчки државјани на возраст од 19, 20, 23 и 24 години и една девојка, странска државјанка на возраст од 22 години.