Вториот семинар за традиционална музика и игра под мотото „Шопци и которци“ се одржа денеска во кумановскиот центар за култура „Трајко Прокопиев. Целта, како што појаснуваат организаторите етнокорелозите е да се практично да се осознае локалната традиција. На семинарот се презентира материјалната и духовната култура, но пред сè обредната, пејачката, игроорната култура.

Според, етнокореологот, Бојан Петковски, лани при реализација на семинарот се воделе од премисата дека само преку спознавање на локалното, може да се стигне до глобални знаења. И годинава, додава тој, целејќи кон глобалните знаења фокусот останува на научно и практично осознавање на локалната традиција.

Дени Синадиновски, етнокорелог вели дека семинарот е наменет за локалното кумановско население.

- И помладите и повозрасните во суштина треба да се запознаат со својата локална традиција, традицијата на нивните предци само затоа што кога ќе ја спознаат сопствената традиција ќе можат да одат кон едно поголеми познавања, вели Синадиновски.

Семинарот го проследија почетници, но и луѓе кои сериозно се замиваат со фолклор. Годинава беа презентирани игри и песни од пределот на кумановско кон светиниколоско и штипско, односно од некогашниот предел Жеглигово кон пределот Овче поле.

Присутните разгледаа и етнолошки филмови во кои се прикажани обреди, обредни пеења, денеска е практичниот дел.

- Ги презентираме обредните игри, соборските ора и обредното пеење, изјави Симона Китановска, етнокореолог.

Лани семинарот беше насловен „Од Средорек до Дурачка река“ и беа разработени етничките предели Жеглигово, Средорек, Западен и Источен дел на Славиште и Дурачка река и воспоставени разликите во однос на материјалната и духовната култура помеѓу овие етнички групи, чинители кои во минатото ги одделувале еден од друг.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2023 14:38