Од вчера вечер во Центар за култура „Иљо Антески-Смок“ поставена е изложба на делата од меѓународната колонија „Карпино“. Во фоајето на Центарот поставени се 25 дела на 13 уметници од земјава и светот.

-На меѓународната ликовна колонија „Карпино“ учествуваа 12 уметници од Србија, Македонија, САД. Уметничките дела се сликаа во комплексот Етно-сел Тимчевски во Куманово во периодот од 17 – 24 август 2022 година. Најголем дел од делата се работени во техника акрил на платно, колажна техника како и масло на платно. Досега изложбата беше поставена во Виница, Македонска Каменица, Пехчево, Крива Паланка, информираше Јасмина Крстоска од Центарот за култура.

Изложбата ќе биде отворена до 11 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2023 12:39