Промоција на „Мала книга на стапици“ од Горан Стефановски, во издание на издавачката куќа „Три“, вечерва, во 19:30 часот, на академската сцена на Факултет за Драмски Уметности - Скопје. Книгата ќе ја промовираат Сашко Насев и Весна Петрушевска.
Џез музичари од Словенија, Црна Гора, Србија, Шпанија, Северна Македонија, како и од други држави во Европа и Африка, од утре до 15 април ќе учествуваат на Џез фактори фестивал.
Сместувањето на новоформираната национална установа „Оркестар за џез музика“ во објектот на Филхармонија не го поддржуваме, бидејќи се создаваат услови за едни на сметка на нарушени услови на други, истакна директорката на Филхармонија – Тина Иванова.
Работилницата ќе биде распоредена во четири сесии и ќе се случува во следниот период: јули 2023 (пет дена во природа), август 2023 (осум дена на филмскиот фестивал „МакеДокс“), две есенско-зимски сесии по договор (пет - седум дена).
Како што наведуваат во соопштението, „сепак, расизмот и популизмот, не само што ги поткопуваат правата на малцинствата, тие се насочени кон срцето на нашата демократија“.
Во рамки на фестивалот Танц Фест 2023, вечер во 20:00 часот во Македонскиот народен театар ќе се изведе претставата „Забрзување и Вознесувања“ на Далас Блек танцовата компанија од САД.
Во својот осврт за романот д-р Марина Мијаковска подвлекува дека „Ако се родат некакви чувства“ е ремек-дело на македонската книжевност, фасцинантна метафикција со автентична структура и раскажувачка постапка.
Во музејот Филд во Чикаго, САД, е отворена изложбата „Првите кралеви на Европа“, која прв пат на едно место прикажува повеќе од 700 извонредни предмети - вклучувајќи накит, оружје, оклоп.
Деновиве е објaвен трејлерот и музиката за македонскиот филм „Гласот на тишината“/ Rebirth: Voice of silence на Илија Павлов.
Во Музејот на Македонија деенска ќе биде отворена изложбата „Расна дијагноза: Циган - нацистичкиот геноцид на Синтите и Ромите и долгата борба за признавање“.