Џез музичари од Словенија, Црна Гора, Србија, Шпанија, Северна Македонија, како и од други држави во Европа и Африка, од утре до 15 април ќе учествуваат на Џез фактори фестивал.

Фестивалот ќе го отворат Баба Сисоко од Мали, Африка, Тони Китановски од Северна Македонија и Васил Хаџиманов од Србија, со музичка вечер во Битолскиот театар.

- Целта за одржување на ЏФФ е да понуди нови културни настани и да го збогати културниот живот во Битола. Сакаме да придонесеме за подобри културни можности за граѓаните и создавање позитивна културна атмосфера што ќе ги привлече и задржи младите да останат и да живеат во Битола преку џез-културата како стожер на социјални општествени промени, запознавање нови култури, градење современо европско општество за сите, професорот Сашо Поповски, директор и основач на Џез фактори фестивалот.

Публиката во Битола ќе може да го следи настапот на Славен Љујиќ триото од Црна Гора и Баптист Хербин од Франција, Милан Петровиќ квартет од Србија и Liquid Carpet од Словенија и други познати џез музичари.

На 15 април, во НУ Народен театар Битола ќе биде доделена наградата „Гоце Димитровски“ за најдобар млад џез музичар во 2022 во соработка со Општина Битола, соопштија организаторите на најновото издание на Џез фактори фестивал.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2023 14:34