Вториот албум на тандемот Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ под наслов „Dobrila & Dorian Duo 2: Пиле шарено“ во издание на Скопскиот џез фестивал ќе биде промовиран денеска во Скопје. Промоцијата ќе биде збогатена со мини-концерт
На сцената на Националната опера и балет денеска ќе биде изведен современиот балет во три слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев
Оркестарот на Македонска филхармонија денеска ќе го одржи концертот за деца насловен „А Zoo Called Earth“
Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ во соработка со бар „Нагоре“, како дел од проектот „Ѕид на уметноста“, вечер со почеток во 21:00 часот ќе ја реализира третата изложба насловена „Улицата Волт Дизни“ на Марија Трпеска
„Папокот на светлината“ на Венко Андоновски во својот патувачки караван дојде до Штип. По Скопје, Битола и Куманово, промоцијата на романот се одржа во штипската НУ-УБ „Гоце Делчев“ и го привлече интересот на публиката.
Во велешкиот народен театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечер ќе се одржи претставата „Глумици“ во изведба на „Артопија“
Архитектонската изложба насловена „Скопје: нови индустрии на стари локации“ ќе биде отворена вечер, во 20 часот, во Галерија 2 во Младинскиот културен центар - Скопје и ќе трае до 30 март
Излезе од печат најновиот број на списанието за литература, култура и уметност „Современост” за 2023 година
Со средства од Министерството за култура, поранешното кино „Партизан“ во Битола ќе се реконструира во нов културен центар
Книгата насловена The Early Christian Mosaics in the Ohrid region (Ранохристијанските мозаици во Охридскиот регион) од Мишко Тутковски денеска во 13 часот ќе биде промовирана во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје