Колаборативниот проект „Штампање заеднички простор“, во кој е учествува нашиот визуелен уметник Филип Јовановски во соработка со студенти од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) и Архитектонски факултет од Скопје, како и факултети од Нови Сад и Риека, ја доби престижната меѓународна награда „Ранко Радовиќ”
Народен театар-Битола учествува на меѓународниот театарски фестивал „Денови на Јурислав Корениќ“ што се одржува во Сараево
На авторката Рената Панчова денеска и беше доделена наградата „Бели мугри“ за нејзиниот поетски ракопис „Точки во бескрајот“
Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе го одржи традиционалниот новогодишен гала концерт насловен „Исток“. Диригент е Миријан Кукунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Милена Арсовска и баритонот Иван Наумовски
Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ вечер ќе одржи новогодишен концерт „Вдиши музика“
Зборникот на трудови од меѓународната научна конференција „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“ денеска ќе биде промовиран на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“
„Ретроспективната изложба – 30 години творештво“ на ликовниот уметник и универзитетски професор Нехат Беќири ќе биде поставена во објектот Чифте амам
Во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје денеска ќе се одржи свечено доделување на наградата „Бели мугри“ за млад автор дo 35 годинешна возраст, која оваа година ѝ припадна на авторката Рената Пенчова за поетскиот ракопис „Точки во бескрајот“
Во соборниот храм „Свети Климент Охридски“ вечер ќе се одржи промоција на книгата „Како ја видов Мајката Божја-Богородица“, од авторот м-р Миле Гиновски, во рамките на Меѓународниот фестивал „Богородичен покров“
Камерниот оркестар на Битола вечер во големата сала на НУ Центар за култура ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт, годинава насловен „Виена во Битола“