Наградуваниот роман „Бело се пере на деведесет“ од словенечката авторка и новинарка Броња Жакељ ќе биде промовиран на 20 септември (вторник), во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, со почеток во 18 часот. Книгата, која е во издание „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е дел од едицијата „Литера модерна“. Објавувањето на книгата е поддржано од книжевната мрежа ТРАДУКИ
Деновиве од печат излезе Зборник на трудови поднесени на Меѓународниот научен симпозиум „Антево дело“,одржан во септември минатата година во Лазарополе, родното село на македонскиот поет, академик Анте Поповски
Театарот за деца и младинци од Скопје денеска ќе гостува на Меѓународниот фестивал на кукларство во Подгорица, Црна гора, со претставата „Палешка“ во режија на Давор Драгојевиќ
На плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред зградата на Филхармонија, паркот Ибни Пајко, во Старата скопска чаршија и неколку други локации, денеска и утре ќе се одржуваат музички настапи, изложби, театарски претстави, поетски читања во рамки на годинашниот фестивал „Звукот на Скопје“
Програмата на 25. издание на Скопје филм фестивал продолжува со филмовите „Официјална конкуренција“ и „Соколово езеро“
Во просториите на Грал галерија во Скопје вечер со почеток во 19 часот ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник Менсур Бојда насловена „Принтана едиција”
Во галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје од денеска е отворена изложбата на современа визуелна авторка, Мила Добревска, насловена „Мој кревет“
Валерија Бертесина, истанат ликовен уметник од Италија и Владо Ѓорески, графички уметник и кустос, вработен во НУ Завод и Музеј-Битола, приредија изложба на современа графика „Огледало – лице в лице“
Со фотограметриско снимање и дигитализација на артефакти во Музејот на Македонија во Скопје започнаа активностите во рамките на проектот „Владетелки на Балканот“ (SheLeadersVR) поддржан од програмата на Креативна Европа
Во Офицерскиот дом во Битола, денеска, напладне, ќе се одржи поетско матине со Роберт Наси, уметник од италијанскиот град Виченца