Со цел да се зачуваат делата на македонскиот композитор Љубомир Бранѓолица, кој ова година наполни 90 години, поставена е интернет платформа, на која се сместени негови дела во дигитална форма
Проектот во земјава го имплементира Центарот за социјални иновации „Блинк 42 – 21“ заедно со европски партнери во 13 држави преку поддршка на програмата на МЕДИА – Креативна Европа и Европската филмска индустрија
Во НУ Завод и Музеј-Битола отворена е мултисензорна изложба „Музеј за сите – сликите можат да се допрат, сликите зборуваат“
Во Фоајето на Национална опера и балет вечер со почеток во 20:30 часот ќе биде одржан концерт на „Нонет +“, во рамки на Есенски музички свечености 2022
Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе“ во режија на Сузана Диневски денеска од 16:30 часот и в петок (2 декември) од 14 часот ќе биде прикажан во меѓународната селекција на 40-тиот филмски фестивал „Tous Courts“ во Екс-ан-Прованс, Франција
Книгоиздателството „Ми-Ан“ вечер од 19.19 часот во Културно-информативниот центар во Скопје ќе ја промовира книгата „Сок од простата: јубилејно издание“ од Јован Павловски
Во Културно информативниот центар на Република Македонија во Истанбул, Турција, вечер во 19:00 часот ќе биде отворена изложбата „Мојот дневник“ на Беди Ибрахим
Друштвото на писателите на Македонија го отвора Конкурсот за традиционалните награди за најдобри книжевни остварувања во календарската 2022 одина, чии автори се членови на асоцијацијата
Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб синоќа беше отворена самостојната изложба „Аголност на илузијата на пакетирањето“ на скулпторот Славчо Спировски
Мал новогодишен Темплум саем се одржува од денеска до 6 декември во Галерија „Метаноја“ во Скопје