Оркестарот на Филхармонија во среда, 12 октомври, ќе одржи концерт насловен „Далга“ на кој како солист ќе настапи македонскиот пијанист Дино Имери. Диригент е Габриел Бебешелеа од Романија
Во рамки на седмото издание на МФФ „Киненова“, синоќа имаше проекција на документарниот филм „100 години од „Улис“ (100 years of Ulysses) по повод 100 години од објавувањето на романот „Улис“ од Џејмс Џојс
Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ продолжува со поетска вечер и музички рецитал кои ќе бидат изведени во битолскиот Офицерски дом
Во дворот на црквата „Св. Спас“ во Скопје денеска напладне ќе бидат доделени дипломи и признанија на десет наградени трудови по конкурсите кои ги распиша Институтот за национална историја (ИНИ) за ликовни и литературни творби на тема „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ за ученици од основното образование
Младиот режисер Мартин Чичовски и неговите пријатели од „Марви продакшн“ денеска во 16 часот во киното „Фросина“ во Скопје ќе гостуваат на фестивалот „Џифони Македонија“ каде што ќе го промовираат нивниот нов ТВ-серијал „Генерација Бушави“
Турнејата на Кралскиот филхармониски оркестар од Лондон со пијанистот Симон Трпчески и диригентот и уметнички директор на оркестарот Василиј Петренко вечер продолжува во Вроцлав, Полска, а на 12 октомври ќе заврши во Каунас, Литванија
Пред љубителите на ликовната уметност во Дебар се претстави познатиот ликовен уметник Валмир Азири, актуелен државен секретар во Министерството за култура
На Државниот филмски фестивал на непрофесионален филм што се одржува во Валандово, режисерот Глигор Кондовски од Тетово доби Златна плакета за режија и Гран при за документарен филм
Што се случува кога театарската сцена и публиката стануваат едно? Кога публиката има можност да одлучува за судбината на ликовите на сцената? На овие теми со учесниците на фестивалот „Џифони Македонија“ ќе разговараат членовите на „Импров групата Настап“ денеска во 16 часот во киното „Фросина“ во Скопје
Со врачување на наградата за особен придонес во филмската уметност на унгарската режисерка Илдико Ењеди и проекција на хрватскиот филм „Чичко“ синоќа беше отворено седмото издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, фестивал кој промовира први и втори филмски остварувања на авторите од целиот свет