Со врачување на наградата за особен придонес во филмската уметност на унгарската режисерка Илдико Ењеди и проекција на хрватскиот филм „Чичко“ синоќа беше отворено седмото издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, фестивал кој промовира први и втори филмски остварувања на авторите од целиот свет
Авторскиот концерт „Амбиенти“ ќе се одржи вечер во 18 часот во Паркот на франкофонијата во општина Центар
По повод 18. издание на Италијанскиот ден на современата уметност, 8 Октомври 2022 година, Амбасадата на Италија во Скопје и Италијанскиот Институт за култура во Белград, во соработка со Музејот за современа уметност во Скопје, денеска организираат уметничка изложба „Современи екосистеми – потрага помеѓу уметноста и екологијата во Македонија“
Програмата на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на Контрапункт, продолжува денеска во социјалниот центар „Дуња“, на кој ќе гостуваат Бен Вотсон (Велика Британија) и Сезгин Бојник (Косово, Финска)
„Младите се иднината“ е краток документарен филм посветен на младите кои се почесто како што нагласуваат авторите на филмот, разбегуваат по европските и прекуокеанските држави
Во организација на Одделението за едукација на Манифеста 14 денеска ќе се одржи промоцијата на публикацијата „Мапирање на супкултурите“, која помогна да се расветли природата на супкултурните движења во Приштина, Скопје и Тирана
За првонаградените трудови предвидени се по 7.000 денари, за втората награда по 5.000, а третата по 3.000 денари.
Ликовните дела од овогодишната меѓународна Лесновска ликовна колонија од денеска се изложени во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.
Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена репрезентативната изложба на познатиот македонски сликар Коле Манев насловена „Спокој неспокој“, на која се претставени 40 -тина слики од над 20 години богат опус на авторот
Наградата „Даница Ручигај“ за 2022 година, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, ќе ја добие Вања Изова Велева за книгата „Место за бегство“