„Џифони Македонија“ е важно поглавје во културната соработка меѓу двете земји. Младите што учествуваат на фестивалот не само што гледаат филмови, туку на „Џифони“ ја градат и својата личност, а тоа е многу важно, соопшти синоќа амбасадорот на Италија во земјава Андреа Силвестри на отворањето на јубилејното 10 издание на Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“
На оваа програма гледаме како на заедничка придобивка – преку нашите национални културни вредности да ја збогатиме колоритноста на идентитетската карта на Европа и преку дијалог и меѓусебно почитување да создадеме заеднички културен простор, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска вчера попладне на свеченост на Форумот на Културните рути на Советот на Европа, која се одржа во Хања на Крит
Избор од дела од колекцијата на Музејот на современата уметност – Скопје на почетокот на 2023 година ќе бидат претставени на изложба во просторот Кунстхале – дел од Музеум квартиер, кој е еден од најголемите европски културни центри во Виена
Алесандро Билота и Серџо Џерази, автори на „Дилан Дог“, Валтер Бујо, Меркурио Лои и други денеска ќе бидат гости на 10. Филмски фестивал на млади „Џифони Македонија“
Во издание на „Интеракција плус“, со материјална помош од Министерството за култура, а во рамките на програмата за подршка на проекти од национално значење, излезе од печат книгата „Печатот на вистината“ од Гоце Ристовски
Националната установа Тетовски театар вечер е домаќин на репризното издание на претставата „Малограѓанска свадба“ од Бертолт Брехт, а во режија на Теа Беговска од Драмски театар – Скопје
Во Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци денеска ќе се одржи дискусијата „Привремени места како културни простори – Културно заземање и трансформација на простори во Кавадарци“
Во Музејот на Република Македонија во Скопје денеска ќе се одржи изложба на концептуален филигрански накит „Мамка“ на уметницата и етнолог Марија Милошевска
Во спомен-собата „Т’га за југ“ во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје, денеска ќе се одржи разговор со Билјана С. Црвенковска, авторка на книгата „Девет приказни за госпоѓица Сит “, книга за месец октомври во Градската библиотека
Во Галерија „Пионери“ вечер ќе биде отворена индивидуалната изложб „Стогови на времето” на уметникот Филип Велковски