-Знам дека секоја фотографија има своја вредност. Но, овие фотографии за нас кавадарчани се посебно вредни, затоа што ја доловуваат и овековечуваат убавината на Кавадарци и Тиквешијата, дециден беше Крстевски.
Во родната куќа на великанот Блаже Конески во Небрегово, Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ денеска го промовираше зборникот песни насловен „Поетски пораки за Конески“.
Осум музејски поставики ќе ги отворат вратите за посетителите утре, по повод 8 Септември, Денот на независноста
Во Нови Сад, во Креативни дистрикт – Гвождара (локал 1) вечер и утревечер во 19 часот премиерно ќе биде изведен просторно – изведувачкиот проект „Штампање заеднички простор“
По повод одбележувањето на Денот на независноста на Македонија – 8 Септември и претседавањето на Чешката Република со ЕУ, од денеска до 9 септември во Прага ќе се одржува манифестацијата „Денови на македонската култура во Чешка“, на која ќе присуствува и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска
Во рамките на интернационалниот фестивал „Piano Summer Salento“ во Италија, пијанистот Арда Мустафаоглу вечер од 21.30 часот ќе настапи со целовечерен солистички концерт
Во Делчево се одржа Вечер на староградска музика посветена на истакнати дејци од областа на музичката култура
Во рамки на 11. издание на „Европската ноќ на литературата“ денеска во Софија, Република Бугарија, ќе биде претставена книгата „Човечулец“ од македонскиот писател Александар Прокопиев
Македонскиот народен театар на 1 септември со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, го отвори 9. театарски фестивал „НОВ ТВРДИНА ТЕАТАР“, која се одигра на сцената на „Српско народно позориште“, Нови Сад - Србија
Изложбата на акварели насловена како „Тајниот сончев код“ на тетовската уметница Ивана Настески беше отворена вчеравечер во галеријата ДивАрт во Белград. Таа се претставува пред белградската публика со 18 дела