Деветмина сликари од Прилеп на заедничка изложба отворена синоќа во ликовната галерија од прилепскиот центар за култура „Марко Цепенков“ на публиката ѝ ги претставија своите дела. На изложбата насловена „Убавината како хармонија и единство на противречностите“ се претставија авторите: Александар Џинго, Атанас Атанасоски, Бојана А. Трпческа, Ванчо Кеков, Верче Николоска, Марија Светиева Ергас, Марјан Стојаноски, Филип Јовески и Христина Мазнеска
Во Музејот на македонската борба вечер ќе се одржи концерт на пијанистките Франческа Орландо и Мимоза Ќека
Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Загреб вечер ќе биде отворена изложба на Билјана Клекачкоска, насловена „Филигран: синергија на традицијата и современоста“
Костадиновска-Стојчевска посочи дека Меморандумот овозможува промоција на заедничкото кинематографско наследство.
Со изложба на сите дела изработени изминативе десетина дена во Богданци синоќа беше затворена годинашната 15. јубилејна Графичка работилница, симболот на овој град. Изложбата во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци е заокружување на традиционалната работилница, која од самиот почеток се одржува во печатницата „Софија“
Во Струга денеска заврши првиот дел од курсот „Кураторски пракси во контекст“ што го организира Академија за уметности од Стокхолм и Локомотива, Скопје
По пет години од светската премиера на престижниот музички фестивал во Лудвигсбург, Германија и освојување на светските музички меридијани со музичкиот материјал изнедрен од плодната македонска почва, нашиот пијанист Симон Трпчески на денешната прес-конференција во „Пијано центар“ ја најави и македонската премиера на интернационалниот музички проект
Патувачкиот караван на меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ денеска и утре ќе ги посети Валандово и валандовските села Чалакли и Казандол
Светската премиера на најновиот филм на Теона С. Митевска – „Најсреќниот човек на светот“ на Венецискиот фестивал ќе се одржи денеска во 14:15 часот во сала „Darsena“
Почнувајќи од денеска, па во наредните четири денови, ќе се одржат бројни содржини од културен карактер, во рамките на програмата Денови на македонска култура во Шибеник