Деветмина сликари од Прилеп на заедничка изложба отворена синоќа во ликовната галерија од прилепскиот центар за култура „Марко Цепенков“ на публиката ѝ ги претставија своите дела. На изложбата насловена „Убавината како хармонија и единство на противречностите“ се претставија авторите: Александар Џинго, Атанас Атанасоски, Бојана А. Трпческа, Ванчо Кеков, Верче Николоска, Марија Светиева Ергас, Марјан Стојаноски, Филип Јовески и Христина Мазнеска.

Според историчарот на уметност, Викторија Димеска уметноста е најсоодветна за проучување и претставување на убавината.

-Неопходноста од разгледување и редефинирање на различните сфаќања за суштината и улогата на естетската категорија убавина во современата епоха преку уметноста, како најсоодветна алатка за нејзино проучување, претставува основен мотив за реализацијата на проектот: „Убавината како хармонија и единство на противречностите“.

Изложбата е со поддршка на Министерството за култура.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2022 13:10