Од 29 август до 1 септември Скопје „стихуваше“ во длабоки, шарени, топли, домашни и интернационални стихови, ноти и бои во рамките на второто издание на Скопскиот поетски фестивал
Македонскиот игран филм „Најсреќниот човек на светот“ на Теона С. Митевска е селектиран во програмата Хоризонти на филмскиот фестивал во Венеција, информираат од Агенцијата за филм на Република Македонија
Во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофонија вечер од 20 часот ќе се одржи изложба на цртежи од Ертунч Сали „Хиперактивен Агорафобик“, информираат од Центарот за современи уметности – Скопје
Концептуалната изложба на фотографии „Убавите жени на мојот народ“ од Славчо Максимовски вечер ќе биде отворена во Културно-информативниот центар – Скопје
Почнувајќи од утре, па во наредните четири денови, ќе се одржат бројни содржини од културен карактер, во рамките на програмата Денови на македонска култура во Шибеник
Издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ објави превод на романот „Фауна“, фантастична еко-фикција на канадската писателка Кристијан Вадне, за кој ја доби наградата за креативно пишување на градот Квебек и Саемот на книга „Интернационален Квебек“ во 2019 година, а беше финалист за „Наградата за имагинарни хоризонти“ и за наградата „Аурора Бореалис“
Триесеттото, јубилејно, издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се девет остварувања, седум од земјава и две од странство, Бугарија и Косово
Со настанот „Стиховно мапирање на Скопје“ ‒ видеопроекција на 12 поетски филмови, што ќе бидат прикажани вечер во кафе-книжарницата „Буква“ со почеток во 21 часот, официјално ќе заврши второто издание на „Скопскиот поетски фестивал“
Во Домот на културата „Кочо Рацин“ – Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложба на академскиот графичар и графички дизајнер Дарко Аницин
Министерството за култура соопшти дека по извршените анализи утврдило дека во заштитата на културното наследство долги години има празнина во обновувањето на кадарот во повеќе витални сегменти на овој значаен ресор во културата