Во Мобилна/Монтажна галерија во Паркот на франкофонија вечер од 20 часот ќе се одржи изложба на цртежи од Ертунч Сали „Хиперактивен Агорафобик“, информираат од Центарот за современи уметности – Скопје.

– Авторот со оваа серија на цртежи ја обзнанува својата интровертна страна и со изложба посветена на неа, ја претставува пред Вас, пред публиката. Со повеќе од 60 цртежи, изработени во повеќе техники на рециклирана хартија, една приказна ќе биде раскажана. Приказна, која нема крај, нема да има крај. Крајот ќе дојде при соочувањето со стравот, но тоа е почеток на нова приказна, која нема крај, нема да има крај, стои во соопштението од Центарот.

Ертунч Сали е роден во 1990 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности – Скопје како графичар и дизајнер.

Изложбата е поддржана од Министерство за култура, Општина Центар и Центар за современи уметности Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2022 09:00