Познатaта македонска поетеса, книжевна теоретичарка, aкадемик Катица Ќулавкова е добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ што се доделува од страна на Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка помеѓу две фестивалски изданија, информираат од СВП.
Министерот Љутков во своето обраќање истакнал дека изложбата е пример за тоа како уметноста може да го раскаже минатото, да ја заживее историјата, да го пренесе борбениот дух на Македонците.
Овој мал, но реномиран фестивал кој се одржува во живописниот историски град Пераст, е содружник со познатиот БаНеФФ од Стокхолм, Шведска, се наведува во соопштението, а за „Кајмак“ оваа меѓународна награда е осма по ред досега.
Фестивалот „Охридско лето“ во втората половина од годинешната програма влегува со Романската вечер и избрана музичка програма наречена „Од Букурешт до Мадрид“ во изведба на уметниците Ирина Муртезану на виолина и Даниел дел Пино на пијано.
Како дел од жири-комисијата оваа година се актерот Ѓорѓи Јолевски, режисерката Тамара Котевска и филмскиот монтажер Мартин Иванов и кинематографот Џин Дакар.
Со низа свечености денеска во Крушево почнува чествувањето на 121 година од Илинденското востание и Крушевската Република. Синоќа во крушево пристигнаа коњаниците од сите страни на Македонија.
Чешката вечер на „Охридско лето“ за публиката ќе го понуди целовечерниот концерт на триото „Халир“, составено од уметниците Едуардо Гарсиа Салас на виолина , Јана Подолска на виолончело и Барбора К. Сејакова на пијано.
Во Сули ан со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски - Ѓумар“ под диригентската палка на Иван Еминовиќ вечерва свечено ќе биде затворено јубилејно 45-то издание на манифестацијата „Скопско лето“.
Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва на понудата го има концертот на Камерниот оркестар на Музичката младина на Македонија, со уметниците Симеон Гошев на виолина и Енис Аљи на виолончело.
Рацин е веќе дел од нашата митологија, тој е дел од ДНК-та на секој од нас. Многу се радуваме што создавајќи го тој современ јазик во една театарска лабоараторија успеавме да ја пронајдеме неговата емоција со нови изразни средства