На малата летна сцена во центарот на Крива Паланка синоќа се одржа концерт на изворна традиционална музика во вокална изведба на Сашко Митев од Националниот ансамбл „Танец”. Концертот беше дел од програмата на „Кривопаланечко културно лето 2022″, а го организираше Националната установа Центар за култура Крива Паланка
Со македонското оро „Комитско“ во изведба на КУД „Илинден“ од Битола, вечер почнува 52. издание на Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“
Од 5 до 9 август во Струмица, под мотото „Светлините на астерот“, ќе се одржи 17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Лауреат на наградата „Астер“ за животно дело од областа на филмската уметност е легендата на југоисточноевропскиот филм Желимир Жилник
Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за годинешното издание на Фестивалот
Богата програма ќе понуди годинашново издание на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република” која ќе биде отворена во 20 часот на први август на споменикот Илинден на Гумење во Крушево
Американскиот пијанист Стивен Бјус вечер ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“ во рамки на 61. издание на фестивалот „Охридско лето“
Збирката илустрации и поетски минијатури „Метафора – поглед зад огледалата“ од Марко Трпески го започна своето патување меѓу читателската публика и веќе е во продажба.
Кратките играни филмови „Проблемот на Тинa” на Радован Петровиќ и „Северен пол” на Марија Апчевска-Петровска ќе учествуваат во Официјалната селекција на HollyShorts Film Festival што се одржува во Холивуд, САД.
Новата книга за деца „Детелинки-белинки“, која содржи шеснаесет современи бајки од 15 македонски автори, излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“
Министерството за култура денеска го објави Конкурсот за учество на земјава на 18. Интернационална изложба на архитектурата во Венеција во 2023 година, во организација на Венециското биенале