По повод 700 години од смртта на големиот италијански поет Данте Алигиери во Националаната опера и балет на 19 ноември со почеток од 20 часот ќе се изведе операта „Дрдорењата на Лапо“ на композиторот Џо Скитино
По повод одбележувањето на 30-годишнината од донесувањето на првиот македонски Устав, вечер на МРТ1 ќе се емитува документарниот филм „30 години државност, Уставот-темел на иднината“
Триото „Долче“, во состав Бранко Павловски – кларинет, Даниел Апостолов – фагот и Ема Потевска Поппивода – пијано, вечер ќе одржи концерт во Музејот на македонската борба, во рамки на „Есенски музички свечености 2021“
Поетесата и писателка Елизабета Јончиќ ја промовираше својата нова книга поезија „Срце за сонце“, издание на Друштвото на писатели Битолски книжевен круг
Излезе од печат монографското дело со 980 маслени слики од академикот Васко Ташковски, во издание на Македонската академија на науките и уметностите и Матица македонска од Скопје
Библиотеката „Тане Георгиевски“ од Куманово ја одржа завршната манифестација по повод Месецот на книгата
Издавачката куќа „Макавеј“ ја објави новата стихозбирка „Линијар [бројки]“ од современиот македонски поет Митко Гогов. Изданието претставува уметнички комплекс составен од хаику, циклус од триесет хаику песни, на кои им се надоврзуваат триесет авторови минијатури во боја
Во Центарот за култура во Кичево вечер во 19 часот ќе се одржи концерт „Оперска ноќ“ на Полина Тасева
Претставата „Кец на десетка“, јубилејно, по 50-ти пат ќе биде изведена вечер (20.00) на сцената во Македонскиот народен театар
Во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје вечер ќе биде отворена изложбата „Трансценденција“ од авторот Слободан Милошески