НУ Драмски театар Скопје денеска гостува на Меѓународниот фестивал РУТА Група Триглав во Сараево со монодрамата на Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, „Кармен“
Дваесеттото издание на „OFFest“ започнува денеска, а ќе трае до 13 ноември
Во Националната галерија, објект Мала станица, вечер во 19 часот ќе биде отворена биенална изложба со дела од 31-та и 32-та сесија на Ликовната колонија Галичник
Одлични концерти на пијанистката Јасмина Трајчевска, професорка по пијано на ДМУ Илија Николовски Луј од Скопје, по повод нејзиниот јубилеј 20 години концертна активност
Излезе од печат збирката раскази „Скопје во високата зона“ од Калина Малеска, како ново издание во популарната едиција „Проаза“ на издавачката куќа Или-Или
Книжевниот првенец на познатата актерка и професорка Синоличка Трпкова, „Никогаш не кажувам“, ќе биде промовиран на 11 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstore во „Скопје сити мол“
Во издание на Издавачкиот центар ТРИ излезе од печат културното дело за деца „Шапката на Волшебникот“ од шведската авторка Туве Јансон, во превод на Ивица Челиковиќ
Режисерот Арбен Тачи ја доби наградата за најдобар дебитантски режисер за филмот „Исчезнатиот” на Фестивалот на независен филм што се одржува во Монтреал, Канада
На театарскиот фестивал „Квартиере дел арте“ во Витербо, Италија, денеска премиерно ќе биде прикажан првиот дел од серијата кратки перформанси во рамките на театарскиот колаж „Амор Вичит“ работен според две микродрами на италијанските автори Фабио Марсон и Рикардо Табилио
„Боја во црно белиот свет“ е наслов на самостојната изложба – ретроспектива на уметницата Маја Николовска, што ќе биде отворена денеска во галеријата „КО-РА“ во Скопје