Недозволената трговија со културни добра е глобален проблем кој бара глобален одговор, но исто така бара и силна меѓународна соработка особено во Западен Балкан каде што културното наследство е богато и разновидно.
На програмата се познатиот Концерт за виолина и оркестар во e-moll оп. 64 од германскиот композитор Феликс Менделсон, како и класичната Увертира-фантазија „Ромео и Јулија“ од рускиот композитор Петар Илич Чајковски.
Во Белград на фестивалот Somersby Jazz in the Garden, Влатко Стефановски и Васил Хаџиманов вечерва првпат во кариерата ќе настапат заедно на сцената како дует, а како специјален гостин ќе им се придружи и американскиот госпел и блуз пејач Дин Бауман, јави дописникот на МИА од Белград.
Камерниот оркестар на Битола вечерва ќе настапи на сцената на Дом на млади во Штип, информира денеска директорот на Дом на млади-Штип, Видан Лазаров.
Бошко Грујоски е нов в.д. директор на Кинотеката на РС Македонија, кој доаѓа на местото на претходниот в.д. директор Бојан Станишиќ.
Желбата на Спасовска за музиката се родила уште од најрана возраст. Во основно училиште нејзиниот омилен предмет бил музичкото образование, а тамошниот наставник Ангел Ќосев, веројатно и прв го открил нејзиниот музички талент.
Уникатен поетско - музички перформанс со стихови современа поезија што пеат за безвремени теми, низ слободен израз и рима, од најдобрите македонски современи поети, синоќа ја разиграа летната вечер пред платото на Градскиот музеј Крива Паланка.
Фестивалот додели и 6 награди-гајдарки, 10 статуетки и 50 плакети на истакнати учесници. Жирито кое одлучуваше го сочинуваат истакнати фолклористи: професор д-р Родна Величковска, професор д-р Горанчо Ангелов и доцент д-р Стојанче Костов.
Претставата „Океанија“ во изведба на млади актери од земјава, а во организација на Арт - манија премиерно ќе биде изведена утревер покрај Охридското Езеро во близина на Скаут Камп во Струга.
Со изложбата на дела создадени во изминатата недела беше заокружено годинашното, 38 издание на Меѓународната ликовна колонија „Св.Јоаким Осоговски". Колонијата се одржува во манастирскиот комплекс чиешто име го носи, а изложбата се одржа на стариот манастирски конак.