Изложба на слики од Билјана Билбилоска денеска ќе биде отворена во Домот на култура „Кочо Рацин“, во Скопје, со наслов „Простор и тишина“. Уметницата ќе се претстави со дела изработени во комбинирана техника.
Гостувањето на македонски поети било дел од соработката за книжевна размена меѓу издавачката куќа „ПНВ публикации“ од Скопје и Хрватското друштво на писатели (ХДП) од Загреб, помогнато од Министерството за култура.
Премиерата на претставата „Собирачи на пердуви“ се одржа во ноември минатата година во Нови Сад и важи за една од најголемите продукции во регионот, за која се бара карта повеќе.
Во рамки на „Гевгелиско културно лето 2024“ изминатите два дена имаше проекција на филмови под отворено небо од Европското патувачко кино.
Писателот и поет Виктор Шеќеровски, кој има македонско потекло, а живее и работи во Белград, Р.Србија, доби награда за животно дело од Меѓународната поетска манифестација „Охридски поетски бисер-Охрид, јави дописникот на МИА од Белград.
Македонската пејачка Ана Петановска, денеска ќе настапи на регионалниот музички фестивал „Бисер на Јадранот 2024“ во Тиват.
Танцовата група „Пријатели на Израел“ (“HAVERIM SHELL ISRAEL”) од Хрватска, вечер со почеток во 20:30 часот ќе одржи концерт на Платото пред Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, во рамки на 45. изданиде на „Скопско лето“.
Настанот што го организираат Францускиот институт и фестивалот „Скопско лето“ ќе започне во 21:00 часот, од пред Музејот на град Скопје. Дефилето потоа ќе помине низ улица „Македонија“, преку Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата.
Под мотото „Месечината јасно свети во ноќите како оваа“, од денеска до 2-ри јули во Битола ќе се одржува јубилејното 10-то издание на Шекспир фестивалот. Оваа година на фестивалот се шест претстави, а гостуваат театарски ансамбли од Прилеп, Турција, Србија, Италија и Бугарија.
Изложбата е кураторски проект на Јана Манева-Чупоска во рамки на програмските активности на Друштвото на ликовните уметници на Македонија - ДЛУМ, кој има за цел да обедини повеќе различни ликовни стилови, знаци и пораки.