Во средата, ден по свеченото отворање трпејчани и бројните љубопитни туристи се дружеа со меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид
Свежо и иновативно театарско искуство со музиката на „Бијело Дугме“ и кореографската поставка на танцовите на Игор Киров вечер е на програмата на Фестивалот „Охридско лето“
Грижата за публицитетот на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ е вкоренета од 1971 година, а на тоа посочува богата архива
Агенцијата за филм денеска ги соопшти резултатите од првиот рок од мартовскиот конкурс за поддршка на филмските проекти за 2021 година.
Краткиот филм „Соло Мод“ на режисерката Тамара Котевска ќе има светска премиера во официјалната селекција на кратки филмови на 27. Филмски фестивал во Сараево, кој ќе се одржува од 13 до 20 август
Ансамблот на НУ Народен театар – Битола е подготвен за премиерна изведба на претставата „Сомнително лице" од Бранислав Нушиќ во режија на Деан Дамјановски
На платото пред Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица вечерва ансамблот „Танец“ ќе одржи целовечерен концерт, чиј настап е дел од новата сезона на оваа национална установа, симболично наречена „Враќање“
Самостојната изложба на слики од македонскиот уметник Билјана Билбилоска е отворена во куќата на поетот Ѓура Јакшиќ во Белград. На изложбата се претставени слики изработени во последните три години, во техника масло и акрил на платно и на картон
Во Куршумли Ан во Скопската чаршија вечерва, како дел од програмата на Скопско лето ќе биде отворена изложба на артефакти, документи, фоторграфии и снимки од работата на Младинското радио „Клуб 100“, првото независно радио во скопскиот и македонскиот етер
Прекрасната акустика на Катедралната црква „Света Софија“ вечерва во рамки на „Охридско лето“ е резервирана за концертот на нашиот уметник на пијано, маестро Дарко Костовски