Со „Приказната за генијалната Матилда“, вечер во кино „Фросина“ почнува Фестивалот на детски мјузикли.
Тој потсетува дека во Хрватска стрипот се изучува факултативно во училиштата, а во Бугарија е дел од високото образование.
Во рамките на Фестивалот „Скопско лето 2024“, на 26 јуни на сцената на Националната опера и балет ќе се оджи Гала балетски концерт.
Покрај главната програма со филмовите за награди, ќе има и ревијална и придружна, како и едукативната програма која беше организирана во пресрет на фестивалот.
Благој Ламњов е македонски кларинетист кој живее во Шведска. Препознатлив е по неговото исклучително емотивно музицирање и уникатен стил на изведба на македонска фолклорна музика.
Живко Грозданоски е избран за нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) на денешното редовно изборно Собрание, на кое беа избрани новите раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото.
-Уметноста е најубавиот начин да се презентира комплексноста на една култура. Преку уметноста можеме да разбереме да искусиме, да научиме и да цениме различни култури, да научиме едни за други и да се зближиме, рече амбасадорот Оцука.
Амбасадорот на Јапонија Казуја Оцука, денеска ја отвори изложбата со јапонски дела во Музеј на Неготино.
Крводарителска акција под мотото „Биди хуман како Тоше“, документарен филм за Тоше, настап на музички ѕвезди и главниот настан „Ноќ на емоции“, ќе се одржат в четврток 6 јуни, за кога е закажан коцертот за Тоше Проески.
Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2024 година кој ќе биде отворен од 1 до 30 јуни годинава, информира денеска Министерството за култура.