Редовното изборно Собрание на Друштвото на писателите на Македонија е закажано за 1 јуни во 11 часот, кога писателите ќе изберат нов Статут, претседател, Управен одбор и Суд на честа.
На големата сцена во Македонската филхармонија во Скопје вечер ќе гостува „Хрватски гитарски квартет“ во состав: Зоран Дукиќ, Петрит Чеку, Марое Брчиќ и Твртко Сариќ.
Овогодишен лауреат на меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ Куманово е актерот Сашко Коцев, соопштија денеска од Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“.
„Калинка“ е насловот на книгата поезија на турскиот поет Хајдар Ергулен која деновиве е објавена во издание на Здружението за наука и куклтура „Нова“ од Битола. Препевот и изборот на поезија е на Ерол Туфан.
На прогласувањето на најдобрите и доделувањето на наградите, жири комисијата во што ја сочинуваа актерот Пеце Ристевски и режисерите Елеонора Теова и Ненад Витанов, оцени дека тетовските актери прикажале извонредна театарска игра.
Дваесет и третото издание на нашиот најголем и најзначаен фестивал на музиката на светот ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотеката на С. Македонија, со осум концертни настапи и два документарни филма.
Интернационалниот фестивал на монодрама продолжува со монодрамски претстави од Бугарија и Турција.
Во малата сала на НУ Филхармонија вечерва ќе одржи концерт унгарскиот Сегед тромбон ансамбл во рамки на скопскиот Брас Фестивал, посветен на лимените дувачки инструменти.
Во издание на „Матица македонска“ излезе од печат книгата „Македонска љубовна лирика“ приредена од авторите Весна Мојсова-Чепишевска и Иван Антоновски. Во петте циклуси на книгата, на близу 500 страници објавени се 342 песни од македонски поети од сите генерации.
Дуото Добрила и Дориан синоќа настапија во Тирана. Директорката на „Cloud festival“, Едит Пула, по завршувањето на концерот, напиша дека овој концерт е нешто најдобро што се случило годинава на овој фестивал.