На Универзитетот „Гоце Делчев“ почна второто издание на проектот „УГД – Чекор кон светот“, во кој се вклучени актуелните студенти на Катедрата за современ танц при Филмската академија.
По повод Месецот на полската литература, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје вечер од 19 часот ќе гостува Војќех Јагелски, автор на книгата „Сите војни на Лара“.
Култниот „Мизар“ и хорот „Хармосини“ вечер во Македонска филхармонија ќе го одржат концертот „Гласови". На сцената ќе бидат придружувани од десетина врвни инструменталисти - група на free јazz музичари и класично-гудачка секција.
Под мотото „Знаеме што сме, но не знаеме што можеме да бидеме“, од 20 до 26 мај во Кочани ќе се одржи 61. Драмски аматерски фестивал на Македонија (ДАФ).
Во рамките на 52. издание на меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“ вечер со почеток во 20.00 часот ќе биде изведена операта „Трубадур“ од Џузепе Верди, информираат од Националната опера и балет.
Единаесет претстави на професионалните македонски театри се во официјалната конкуренција и уште седум во придружниот дел од програмата.
Настанот е организација на Здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“, а настанот ќе го модерира Андреј Медиќ Лазаревски.
Режисерот Вардан Тозија за филмот „М“ ја освои главната награда за најдобра режија во интернационална конкуренција на 20-тиот фестивал „Фантаспоа“ (Fantaspoa) кој се одржа во Порто Алегре во Бразил. Тозија за овој филм доби награда и на годинашниот фестивал во Хјустон, САД.
Националниот џез оркестар ќе настапи на четвртиот фестивал Balkan Jazz Showcase-2024 кој од денеска до 12 мај ќе се одржува на Универзитетот за уметности во Тирана, во организација на Албанското џез здружение (Albanian jazz society).
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на отворањето на 52. Мајските оперски вечери, рече дека сè додека ги слушаме фанфарите со „Триумфалниот марш“ на Верди како го означуваат почетокот на нашата меѓународно признаена манифестација не треба да стравуваме.