Историчарката на уметност и културна менаџерка Искра Гешоска е добитник на Гете-медал за 2024, што го доделува Гете-институтот како официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е најважната награда на надворешната културна политика.
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола гостува на манифестацијата „Денови на Игор Вук Торбица“ која од денеска до понеделник се одржува во Нови Сад во чест на прерано починатиот уметник Игор Вук Торбица.
Националната установа „Охридско лето“ по повод големиот верски празник Велигден во Охрид организира Велигденски концерт на православна духовна музика со женскиот хор „Менада“ од Тетово, под диригенската управа на професор Ивица Зориќ.
Гаранција дека театарскиот ансамбл наскоро ќе има свој дом, рече Костадиновска-Стојчевска, е обезбедена со одлуката на Владата за тригодишно континуирано финансирање на проектот за Турскиот театар.
Последното дело на авторката Теута Османи „Монографија за библиотеката 1949-2023“ денеска беше промовирано во Центарот за култура „АСНОМ“ во Гостивар.
Во Националната опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведен балетскиот триптих „Молитви на моето тело“ во рамки на 20. Иинтернационалниот фестивал „Танц фест Скопје 2024“, кој е инспириран од циклусот поезија со истоимен наслов од поетот Ацо Шопов.
По концертот во Скопје, Националниот џез оркестар со програмата насловена „Џез лектира" вечер од 20 часот ќе гостува во театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес.
Ќе биде изведена композицијата „Свита за Скопје“ од композиторката Ана Пандевска и песната „Ние сме од Скопје“ на Мирко Попов, чиј аранжман за пијано го направи Пандевска.
„Тркало на времето“ е монографска изложба на Марко Бањоли (Емполи, Италија, 1949) која ги обединува делата на уметникот од последните 35 години и нови продукции специфични за локацијата во историскиот Чифте амам во Скопје.
Поезијата е уметност која бара посветени индивидуалци, луѓе кои ја сакаат и се интересираат за поезијата. Поезијата е засебен книжевен род и можеби токму таков треба и да остане.