Со проекција на анимираниот краткометражен филм „Поглед од балконот“ на Арис Капланидис и на филмот „Жена-Убиец / Фониса“ на Ева Натена во Кинотеката во Скопје вечер ќе биде затворено четвртото издание на Фестивалот на грчки филм.
Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје денеска ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателката и сценаристка од Хрватска, Дора Шустиќ. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.
Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска во Охрид во Библиотеката „Григор Прличев“ на промоцијата на проектот „Книгата поблиску до старите лица“, рече дека Министерството за култура инвестира во проекти што ја прават културата достапна за сите.
Стојчетовиќ веќе неколку години ја практикува оваа техника со тим психолози и психијатри на Психијатриската клиника при Воено-медицинската академија во Белград, и за дијагностички и терапевтски цели.
Во присуство на актери, режисери, дипломати, претставници на политичкиот и културниот живот во земјава, синоќа во Кинотека бил отворен четвртиот Фестивал на грчки филм, што ќе трае до 10 април.
Тетовското драмско студио Летечка театарска трупа овој месец има две премиери „Ивица и Марица“ и „Сомнително лице“. На 1 април беше премиерата на „Ивица и Марица“ додека премиерата на „Сомнително лице“ на Бранислав Нушиќ е закажана за 9 април во 19 часот.
Во Музејот на македонската борба вечер ќе биде затворен шестиот Меѓународен фестивал за кларинети „Кларифест Скопје 2024“, со концерт на музичари од Соединетите Американски Држави и од Полска.
Во Кинотеката на Македонија вечер во 20 часот ќе биде отворен четвртиот Фестивал на грчки филм кој ќе трае до 10 април.
Промотор и модератор на настанот е Елеонора Николовска, а стихови ќе чита: Елизабета К.Младеновска.
А, Дина Марковска че изведе дела од Георг Филип Телеман – Фантазија бр. 10 во фис-мол за соло флејта, Иван Јевтиќ – Инкантации за соло флејта, Зигфрид Карг-Елерт – Соната апасионата оп. 140 за соло флејта, Вилхелм Фридман Бах – Дует бр. 4 во ф-дур.