Минималната температура утре ќе се движи од 0 до 8 степени, а максималната од 13 до 17 степни Целзиусови.
Вакцинирани над 950 деца во рамки на кампањата на Министерството за здравство и СЗО, со поддршка од ЕУ, информираат од МЗ.
Градоначалникот на Јегуновце Димитар Костадиноски на денешната прес-конференција обвини дека неговата општина не добила средства од предвидените 800 милиони денари на Бирото за регионален рамномерен развој.
Незадоволни сме и револтирани зашто откупувачите не сакаат да го слушнат нашето барање и немаат слух за покачување на откупните цени на тутунот, рекоа на денешната прес-конференција во Прилеп од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија.
На свечен собир и дефиле со знамиња и песни од периодoт на СФРЈ, членовите на Здружението истакнаа дека на денешен ден пред осум децении била донесена одлука и за македонската државност.
Според директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ, пробацијата е поекономична од затворската казна и придонесува за помали трошоци на затворите со намалување на популацијата.
Во Скопје променливо облачно со услови за локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Македонското друштво „Илинден"- Тирана остро реагираше за состојбата создадена по обилните снежни врнежи, кои ги блокираа патиштата во Голо Брдо, каде Македонците беа, а дел се уште се без струја.
Воедно со денешните 90 сантиметри нивото на Вардар е за 17 сантиметри и над просекот за ноември од минатите години кој бил 73 сантиметри.
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола соопштија дека панелот е дел од годишниот состанок насловен „Иницијатива за регионитe со јаглен во транзиција во Западен Балкан и Украина“.