Тој вели дека не се задоволни, бидејќи производната цена е повисока од откупната. Посочува дека состојбата на пазарот е уште по загрижувачка, бидејќи во моментов лебното зрно се откупува по цена од осум до 11 денари за килограм.
Високите температури, враќањето на печалбарите, како и големиот број туристи, двојно ги зголемија повиците во Итната медицинска помош во Струга, информира раководителот д-р Ѓорги Терпо.
Пожар на четири места бил предизвикан на висорамнината Љубаш изминатава ноќ, причината најверојатно е од човечки фактор, информираат денеска од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.
Тој информира дека од утрово, пожарот на Серта се гасне со воен хеликоптер и два авиона за гаснење пожари.
По вчерашниот испад на РЕК Битола од македонскиот електроенергетски систем, во текот на ноќта и утрово комбинатот работи со еден блок, информираат од Електрани на Северна Македонија.
Украинско беспилотно летало ноќеска погодило складиште за нафта во регионот Цимлјански, во руската Ростовска област, по што избувнал пожар.
Општината на барање на неговото семејство со години наназад најавува дека ќе ги пренесе посмртните останки на Панко Брашнаров од гробиштата „Мирогој“ во Загреб во Велес
Заради испад на 110 киловолтна собирница на МЕПСО, надвор од функција е РЕК Битола, соопштија од службата за односи со јавност од Подржницата на Рударско - енергетскиот комбинат „Битола“ при АД ЕСМ.
За време на средбата беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Општина Охрид, со кој се исцртуваат правците на соработка меѓу двете двете институции во наредниот период.
Подобро собирање и третирање на отпадните води, менаџирање на цврстиот отпад, отворање на граничниот премин „Маркова нога“, се само дел од активностите што ќе се реализираат во Преспанскиот регион во рамките на проектот „ЕУ4Преспа“