Процесот на имунизација против Ковид – 19 на населението во Струга се одвива без проблеми
Новогодишни украси од гипс изработуваат лица со попреченост од неготинска „Порака”, информираа денеска од Здружението, соопштувајќи за бројните активности кои ги имаат нивните штитеници во Дневниот центар и станбените единици за живот со поддршка
Во организација на Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров”, вечер во Спомен дом „АСНОМ" во Делчево ќе се одржи завршен Новогодишен концерт, на кој покрај претставници на Центарот за култура ќе настапат и гости од Кочани
На ранчот на Countryside Retreat во Општина Ранковце денеска првпат ќе се одржи инклузивен настан за лицата со попреченост од општините Ранковце и Крива Паланка, посветен на вчерашниот Светски ден за лица со попреченост – 3 Декември
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози, информира АМСМ
Најстудено утрово е на Попова Шапка и во Лазарополе со -2 степена измерени во 7.30 часот, а минусна е температурата и во Маврово, еден степен под нулата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи
Времето претпладне ќе биде променливо облачно со поголема облачност во западните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец
Оваа зимска сезона на Попова Шапка ќе има дополнителни места за паркирање, информираат од ски-ценарот. Станува збор за две нови локации на ски-центарот кои се адаптирани за паркиралишта.
Комитетот на Бернската конвенција, на овогодишното собрание, усвои нови препораки кои се однесуваат за Националниот парк Маврово, мрежата на Емералд подрачја, Охридското Езеро и Националниот парк Галичица, а се препорачува откажување на сите одобрени и планирани хидроцентрали во заштитените подрачја во Република Македонија, соопштија од Центарот за истражување и информирање за животната средна „Еко-свест“
Во Здравтсвениот дом во Македонски Брод во текот на изминатите безмалку три недели, бесплатна вакцина против сезонски грип примиле 375 граѓани, што е речиси двојно повеќе споредено со бројот на вакцинирани граѓани во претходните години