Поради дефект водата во село Радожда не е за пиење, соопшти јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Струга.
Се работи за 23 жртви на семејно насилство од женскиот пол, од кои десет за прв пат се обратија за помош. Во Центарот, бесплатно, на располагање им се социјална работничка, правна советничка и психотерапевтка.
Младински образовен форум (МОФ) изразува јавен апел до државните институции по добиените бројки дека Македонија се наоѓа на петтото место за одлив на мозоци.
По двете пријавувања, во рамки на првиот уписен рок, во гимназиите „28 ноември“ во Дебар и „АТА“ во Центар Жупа, во прва година, пополнети се само 66 ученички места, што е 19,4 отсто од предвидената квота од 340 ученици.
Уште еднаш да посакам реализација на многу вакви капитални проекти. Тоа е она кое што е политика на оваа влада, тоа е она кое што ќе биде политика на Владата и министрите. Граѓаните го направија своето, сега е редно време и ние да им вратиме на граѓаните за тоа кое што го направија.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со Масимилиано Паолучи, директорот на Светска банка во Македонија и д-р д-р Теклу Тесфаје виш економист за земјоделие во канцеларијата на Светска банка во Македонија.
Обуката за спасувачи на отворени води што Црвен крст Струга ја реализира секоја година, годинава ја поминале петмина и се стекнале со соодветен сертификат. Но, според Даути, во моментот на располагање имаат 10-ина спасители на отворнеи води, обучени во претходните години.
Во изјава за телевизија Канал 5, Перински потенцира дека многу од општините имаат проблеми со самоодржливоста.
Министерот информира дека Владата на вчерашната седница на Влада беше стопирана одлуката за објавата за набавка со цел, како што рече, „да се сменат сите правила на игра за македонската пченица да биде таа што ќе биде откупена“.
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, заедно со дел од изведувачите на вечерашната „Симфонија на ѕвездите“, го најавија официјалниот почеток на Битолското културно лето - БИТ ФЕСТ.