Во Центарот за управување со кризи (ЦУК), регистрирани се 14 пожари на отворено изминатите 24 часа, сите биле изгаснати.
Според градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов, општинските служби, ТППЕ и екипи на ЈП „Комунален сервис“ се на терен по големото невреме кое ја зафати Општината.
Активистот за правата на Македонците во Албанија, Панди Јани и претседател на огранокот на Партијата на слободата, на поранешниот албански претседател Илир Мета за Мала Преспа, остварил средба со македонскиот министер за култура и туризам Зоран Љутков.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска ги потпиша сите заостанати договори и документи кои предолго чекаа за потпис.
Времето до крајот на денот ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 70 километри на час) и појава на град.
По повод една година од отворањето на Јуроп хаус Велес, вчера се одржа панел дискусија под наслов „Види го Вардар почисто“, инспирирана од неодамна започнатата кампања на Европската Комисија "Гледај на водата поинаку".
-Верувам дека со обуката ќе создадеме најмалку 50 професионалци жени кои ќе бидат економски независни во своите дејности и ќе просперираат во нашата држава, рече Фазлији.
Претходно од УХМР најавија дека во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локален пороен дожд и грмежи. Утре долж Повардарието ќе дува засилен северен ветер, а од петок времето ќе биде стабилно и топло.
-Првите тројца на турнирот ќе добијат награди, како и најдобро пласираната женска шахистка. Овој турнир е со финансиска поддршка и во соработка со Општина Штип, како и со Државниот студентски дом, каде што се одржува турнирот и се сместени слепите лица, вели Витанов.
Во следните два дена ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со локален пороен дожд и грмежи, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.