Додава дека во Република Албанија не живеат никакви Бугари и нагласува дека „единствени Бугари се само назначените функционери во Бугарската амбасада во Тирана, и ова им е јасно на сите, па така и на бугарската држава“.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за да излезе во пресрет на земјоделците кои до денес сѐ уште го немаат остварено своето право за поднесување на апликација за субвенции за 2024 година го продолжи рокот за аплицирање за субвенции за 2024 година.
Станува збор за битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“, кој е дел од алијансата „COLOURS“, штипскиот „Гоце Делчев“ дел од алијансата „ACE2EU“ и тетовскиот Универзитет на Југоисточна Европа од алијансата „CHALLENGE.EU“.
Учениците од крушевското основно училиште „Никола Карев“ и од средното „Наум Наумоски-Борче“ денеска работеа на впечатливиот проект „Обои камен, обои мозаик на македонски јазик“.
Планинарска екипа на ПСК „Осогово“ од Кочани успешно ја заврши едонеделната експедиција за искачување на три врвови на Алпите, повисоки од четири илјади метри.
Општина Битола, додека ги завршува подготовките за отпочнување на непречено функционирање на прифатилиштето за бездомни кучиња, констатира нов проблем на неодговорно сопствеништво, што деновиве предизвика страв и паника кај неколку граѓани.
Доктор Игор Алулоски на прес-конференција посочи дека пациентки во менопауза, над 50 - 55 години, најчесто се соочуваат со оваа болест.
Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.
Стабилна е состојбата со водостоите на реките во Тетовско и Гостиварско, а патните правци се проодни, информираат од Центарот за управување со кризи.
Монографијата која е исклучително квалитетно отпечатена е благодарение на неговиот внук Вељко Лазаревски син на најмладиот брат на Заре без чија несебична помош и поддршка таа немаше да види виделина.