Земјоделците од четири штипски селa денеска реагираа дека со денови немаат вода за наводнување од хидросистемот „Брегалница“.
Топлотниот бран што ја зафати земјава негативно влијае врз земјоделството. Почвата брзо се суши и поизразено ја губи влагата поради што е неопходно наводнување, особено на пролетните окопни и на индустриските култури.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, од понеделник во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во постепено благо опаѓање.
Жителите на Пчиња и околните села бараат дислокација на депонијата, откако се јави големиот пожар кој трае неколку дена. Реагираат дека депонијата го загадува нивниот регион и културите кои што ги произведуваат.
Првенците на генерациите во штипските основни и средни училишта денеска добија признанија од Општина Штип.
Во следните денови нашето подрачје и понатаму ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ поради што времето ќе биде претежно сончево и натпросечно топло, најавуваат од УХМР.
Времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. UV=9
Со блокирање улици во централното градско подрачје, на протестот беше искажано барање до надлежните општински и други институции да преземат итни мерки за запирање на уништувањето на животната средина, а организаторите најавија и петиција за дислоцирање на депонијата.
Награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство се доделија попладнево во Скопје, во организација на Македонското здружение на млади правници со УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци и Здружението на новинарите на Македонија.
Во Македонија проектот го спроведуваат здруженијата ХЕРА и Тиииит! Инк. со поддршка од Француската амбасада.