Рекордни 2200 атлети, спортисти и рекреативци од 31 земја најавија учество на 8. Издание на спортската манифестација „Охрид трчаТ“, што викендов ќе се одржува во градот и околината. Гостинка на настанот ќе биде претседателката, Гордана Силјановска Давкова.
Вечерва, во 20:53 часот Блок 2 на РЕК Битола е синхронизиран со македонскиот електроенергетски систем, сooпшти АД ЕСМ.
Во текот на вчерашниот ден, поради дефект на Блок 2 на РЕК Битола, комбинатот не произведува струја и во моментов се работи на отстранување на причината за испад на блокот, потврдија од АД ЕСМ за МИА.
Во рамки на настанот кој денеска се одржа во Пехчево, професорот Маријан Кипријановски пред присутните ги претстави плановите за производството на овој квалитетен плод, кој се повеќе и повеќе се бара на европскиот пазар.
Министерството за образование и наука информира дека Владата на Романија почна програма за стипендирање државјани на Република Македонија за академската 2024/2025 година.
Државна матура полагаат вкупно 866 ученици, според пријавеното во училиштата од Куманово, соопштија денеска од секторот за образование на општина Куманово. Утре учениците полагаат мајчин јазик.
Горан Коцев татко на Христијан Коцев за кого лани се собираат средства за лекување, но битката ја изгуби со ретката болест вели дека знае низ што поминува Сибил и нејзиното семејството.
Во рамките на изложбата, беше организирана и работилница за ученици од општина Неготино на која учествуваа десетина ученици од основните и средното училиште и кои со своите творби ќе учествуваат на завршната изложба, заедно со своите врсници од повеќе градови од Македонија
На спортскиот аеродром Аџитепе, Куманово, утре ќе се одржи првиот собир на автомобили, соопштија денеска организаторите, клубовите „Тјунингславија“ (Tuningslavia) и „ИлегалХантерс“ (Ilegal Hunters). На Аџитепе се очекува да се презентираат околу 500 автомобили. Влезот за посетителите е бесплатен.
Забележа дека секако ова не се доволни средства за во целост да се покрие лекувањето на младата штипјанка. Јорданов додаде дека се надева дека ова можеби ќе ги мотивира граѓаните и општествено-одговорните компании да се организираат и донираат за Омерова