Државна матура полагаат вкупно 866 ученици, според пријавеното во училиштата од Куманово, соопштија денеска од секторот за образование на општина Куманово. Утре учениците полагаат мајчин јазик.
- Од пет средни училишта на ниво на општина Куманово, четири општински и едно државно училиште државна матура полагаат вкупно 866 ученици, училишна матура четири ученици и завршен испит 316 ученици, изјави раководителот на секторот за образование, Александар Јовановиќ.
Во гимназијата „Гоце Делчев“ државна матура полагаат 205 ученика во „Сами Фрашери“ 166, а двајца ученика ќе полгаат училишна матура. Во стручното „Наце Буѓони“ за државна матура се пријавени 329 ученика, а 191 ќе полагаат завршен испит. Во „Перо Наков“, државна матура ќе полагаат 144 ученици, двајца училишна матура 29 завршен испит. Во државното „Киро Бурназ“ пак 22 ќе полагаат државна матура, а 96 ученика завршен испит.